Разбирањето на маркетингот е како да свириш гитара за прв пат. Пробуваш работи, излегува звук, но длабоко во себе знајш дека тоа не е музика.
По малце истражување сфаќаш дека постојат чекори што можиш да ги научиш и имплементираш за да се подобриш.
Истото може да се каже ако гитарата ја замените со маркетинг и до крајот на овоа статија ќе ги знајш градежните блокови зад секоја успешна реклама.
Кога ќе почниш со истрашување во маркетинг, првото нешто што ќе го забележиш е дека има еден тон информации.
Библиотеките се полни со книги за маркетинг. Од најпочетните пријателски брошури до огрмони томови.
Да не зборуваме дека некои од нив се контрадикторни, а повеќето дури и не функционираат.
На моменти станува толку обемно и се прашуваш како можете воопшто да знаете што функционира, а што не?
Али во сите тие книги се кријат 3 основни елементи, 3 градежни блокови кои ви се потребни за да направите успешна реклама.
Тие можат да се користат во секој бизнис за секаков вид маркетинг и ќе биде успешен.
Звучи како магија… но ајде да ја повлечеме завесата.
Првиот Основен Елемент Е Најважен, Затоа Мораме Да Се Погрижиме Да Го Направиме Правилно.
Тоа е пораката што ја испраќаме. ПРВАТА работа што луѓето ќе ја видат.
Најголемиот грев направен овде е да биди досадна.
Досадните реклами се прескокнуваат, а тоа не сме тука да го правиме.
Она што го кажуваме треба да биде јасно. Така луѓето ќе разберат.
Треба да биде моќно. За да ги заинтересирате.
И тоа мора да биде убедливо. Ова ќе ги натера да купат.
Целта со секој збор е да го пресечеме нередот и да излеземе пред нашиот клиент.
Тоа Нè Доведува До Вториот Основен Елемент.
Ја имаме пораката, но кој ќе ја слушне? Не можеме само случајно да викаме надевајќи се дека ќе налетаме на некого.
Затоа е клучно да се знае за кого е пораката. Која е целната публика?
Разбирањето на нашата публика го олеснува пренесувањето на пораката пред неа.
Сега ова не мора да биде 100% бидејќи можеме да тестираме различна публика и да ги видиме нивните реакции и соодветно да се приспособиме.
Ја имаме пораката, знаеме кој треба да ја види.
Останува Само Да Ја Пренесиме Нашата Порака Пред Нив.
Ова е убедливо најлесниот... само ако сето претходно е направено правилно.
Со користење на платформи за социјални медиуми кои имаат прецизно таргетирање. Ги користиме сите ресурси што ги знаеме за да создадеме нешто што ќе зборува само за нив.
Тоа ќе се случи само доколку…
Ние разбираме што кажуваме.
Знаеме кому му кажуваме.
И каде да се најдат тие луѓе.
Еден не може да работи без другите. Затоа комбинацијата на 3 е неопходна за да се осигураме дека секоја реклама што ја создаваме ќе стане успешна.
Дозволете ни да видиме како да ги имплементирате овие 3 елементи во вашиот маркетинг.
Испратете ни порака тука и ние бесплатно ќе го разгледаме вашиот маркетинг и ќе видиме што можеме да направиме.
Comments